Connect with us

ПСЖ сака да го врати Муса Дијаби во Париз

Фудбалерите на ПСЖ беа елиминирани од Лигата на шампионите од Баерн. Парижаните веќе размислуваат за следната сезона и една од целите е офанзивецот на Баер Леверкузен, Муса Дијаби.
Клубот започна разговори со неговите агенти за личните услови.


Дијаби е дете на ПСЖ, кој во 2019 година беше продаден на Баер Леверкузен за 15 милиони евра. Кратко време беше и на позајмица во Кротоне.

Французинот сезонава одигра 37 натпревари со 13 гола и девет асистенции, а во 2020 година го продолжи договорот со германскиот бундеслигаш до 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови