
Целиот фудбалски свет чека конечно да се комплетира трансферот на најдобриот играч на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, во Реал Мадрид, но и во редовите на францускиот шампион не седат со скрстени раце, туку се обидуваат да возвратат. Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ сериозно е заинтересиран за напаѓачот на Реал, Родриго.
Наводно, спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос, веќе стапил во контакт со бразилскиот репрезентативец, за да го „почувствува пулсот“ за трансфер во Париз.
Се тврди дека Родриго, иако игра извонредно оваа сезона, проценил дека ќе падне во втор план во конкуренција на Винисиус, Мбапе, Белингам, како и новата тинејџерска сензација од Бразил, Ендрик. На таа карта игра и ПСЖ.
Секако, на Пари Сен Жермен нема да му биде лесно, бидејќи Родриго во договорот со Реал Мадрид има откупна клаузула која изнесува една милијарда евра!
Сепак, Луис Кампос се надева дека поради веќе виденото доаѓање на Мбапе, Реал ќе биде подготвен да седне на преговарачка маса и да го продаде Родриго за прифатлива цена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
