Connect with us

ПСЖ не сака да ризикува со Нејмар за реваншот против Барса во ЛШ

Францускиот првак Пари Сен Жермен одлучи да не ризикува со вметнување на Бразилецот Нејмар во составот за реванш натпревар против Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите. Ѕвездата на „светците“ пред неколку дена се врати на тренинзите откако ја надмина повредата, но тренерот Маурисио Покетино смета дека се уште не е доволно подготвен за меч од ЛШ. 

Влијание на ваквата одлука секако има и фактот дека ПСЖ има голема предност (1-4) која ја обезбеди на првиот меч на „Камп Ноу“. Тогаш Килијан Мбапе одигра одличен меч и постигна хет – трик. Ревнаншот меѓу ПСЖ и Барселона е закажан за утревечер (21 часот) на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови