Пари Сен Жермен ја одбрани шампионската титула во Франција откако вечерва ремизираше на гости кај Стразбур (1-1). Освениот бод беше доволно за „светците“ на коло пред крајот да станат недостижни за второпласираниот Ленс, кој има четири бода помалку.
ПСЖ по 11. пат го освои францускиот шампионат, па „светците“ сега се најтрофејниот клуб во земјата, пред Сент Етјен (десет титули), Олимпик Марсеј (девет), Монако и Нант (по осум)…
Лео Меси во 59.минута го постигна погодокот за ПСЖ, а израмни Кевин Гамеиро во 79.минута од мечот.
Ленс го совлада Ајачио со 3-0. Мачадо, Томасон и Опенда стрелаа за домашниот тим.
Лил го совлада Нант со 2-1, додека Лион со 3-0 славеше против Реимс.
Рен го совлада Монако со 2-0 и можеби ќе ги остави „кнезовите“ без учество во Европа за следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













