
Пари Сен Жермен ќе направи уште еден обид да го ангажира Маркус Рашфорд. Надеж на парижаните им дава фактот што напаѓачот сѐ уште не го продолжил договорот со Манчестер Јунајтед. Актуелниот договор на англискиот интернационалец е до летото 2024 година.
Рашфорд пред почетокот на актуелната сезона повторно беше трансфер цел на ПСЖ. „Светците“ му понудиле плата од 400.000 фунти неделно, но тој сепак избрал да остане во Јунајтед.
„На „Олд Трафорд“ Рашфорд добива 200.000 фунти неделно, но само во сезони во кои клубот учествува во Лигата на шампионите.
Напаѓачот игра во одлична форма оваа сезона и има 14 гола во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
