
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, синоќа го постигна стотиот гол во дресот на „кралскиот клуб“, но би можел да замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната. Неговиот актуелен договор истекува на лето, а Реал Мадрид му нуди продолжување на соработката за само една сезона.
Ова сакаат да го искористат Пари Сен Жермен и Јувентус кои без проблем би му понудиле договор на две сезони и годишна плата од 11 милиони евра, поголема од сегашната во Реал Мадрид. Двата клуба сакаат да ги измешаат картите за Флорентино Перез и ќе се обидат да го уловат одличниот дефанзивец на крајот од кариерата.
Серхио Рамос засега не размислува за напуштање на Реал Мадрид чиј дрес го носи веќе 16 сезони. Но, којзнае, доколку „кралевите“ не ги исполнат неговите барања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
