Connect with us

ПСЖ го стартува новиот шампионат на Франција на гости кај Клермон

Францускиот шампион Пари Сен Жермен со гостување кај Клермон ја започнува одбраната на титулата. Ова го одреди ждребот за новата сезона во Лига 1 кој беше одржан денеска.


Првенството започнува на 5 август, а ќе заврши на 3 јуни. По 15. коло, кое треба да заврши на 13 ноември, првенството ќе биде прекинато поради Светското првенство во Катар. Шампионатот на Лига 1 се обновува на 28 декември.

Олимпик Марсеј, кој беше вицешампион на ПСЖ, стартува против Ајачио, кој се врати во елитата по пауза од осум години. Првиот натпревар на Монако во новата сезона е гостувањето кај Стразбур.

Еве ги најинтересните натпревари во новата сезона:

4 коло: ПСЖ – Монако (28 август)
8 коло: Лион – ПСЖ (18 септември)
11 коло: ПСЖ – Олимпик Марсеј (16 октомври)
14 коло: Олимпик Марсеј – Лион (6 ноември)
17 коло: Ленс – ПСЖ (1 јануари 2023 година)
19 коло: Рен – ПСЖ (15 јануари 2023 година)
22 коло: Олимпик Марсеј – Ница (5 февруари 2023 година)
25 коло: Олимпик Марсеј – ПСЖ (26 февруари 2023 година)
29 коло: ПСЖ – Лион (2 април 2023 година)
32 коло: Лион – Олимпик од Марсеј (23 април 2023 година)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови