Францускиот гигант Пари Сен Жермен го доведе Ашраф Хакими. Најавениот голем трансфер од Интер конечно е реализиран откако мароканскиот интернационалец пристигна во Париз и ги мина деталните лекарски прегледи.
„Се чувствувам гордо. По моето искуство во Шпанија, Германија и во Италија, Пари Сен Жермен ми нуди можност да искусам уште еден квалитетен шампионат. Едвај чекам да ги сретнам моите нови соиграчи и да почнеме со подготовки и натпревари“, изјави Ашраф Хакими.
Пари Сен Жермен на Интер за трансферот на Хакими му плати 60 милиони евра, а италијанскиот клуб би можел да добие и дополнителни 11 милиони евра низ бонуси, доколку фудбалерот бележи успеси со францускиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













