
Пари Сен Жермен ќе го напушти стадионот „Паркот на принцовите“ откако Градскиот совет на Париз потврди дека стадионот не е на продажба, изјави претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи. „Паркот на принцовите“ е дом на ПСЖ од 1974 година, четири години по основањето на клубот.
„Премногу е лесно да се каже сега дека стадионот повеќе не е на продажба. Знаеме што сакаме, потрошивме години обидувајќи се да го купиме. Сега е полесно, знаеме што сакаме. За нас е готово. Сакаме да се селиме од Паркот на принцовите“, изјави Ал-Хелаифи за новинарите на конгресот на УЕФА.
ПСЖ минатата година соопшти дека ќе истражува алтернативи, откако градоначалничката на Париз, Ане Идалго, изјави дека стадионот не е на продажба, став што канцеларијата на градоначалникот ја потврди и во вторникот.
„Продажбата не е пожелна бидејќи тоа би било одлука без враќање назад… Затоа мораме да ја исклучиме продажбата на стадионот. Не сакаме да го продадеме наследството на Париз“, изјави заменик градоначалникот на Париз за спорт, Пјер Рабадан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
