Аталанта не сака да го продаде Папу Гомез на конкурентите за врвот во Серија А, но тоа може лесно и да се изигра. Паоло Малдини, потпретседателот на Милан, сака да го доведе одличниот офанзивец на „Сан Сиро“ како засилување во трката за шампионската титула и планира добар „дриблинг“ за тимот од Аталанта. Со оглед дека е во одлични односи со поранешниот соиграч Леонардо, можно е ПСЖ да го купи Папу Гомез од Аталaнта за сума од 10 милиони евра, колку што одреди раководството на клубот, а потоа да го позајми во Милан до крајот на сезоната.
Папу Гомез имаше жестока кавга со тренерот Џанпјеро Гасперини поради која да замине од Аталанта оваа зима.
„Тој е квалитетен фудбалер, но едноставно не знае да се адаптира“, објасни кусо Гасперини за заминувањето на Папу Гомез.
Аргентинскиот интернационалец од 2014 го носи дресот на Аталанта и беше капитен на тимот, па оттаму и зачуди караницата со тренерот Гасперини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













