Connect with us

ПСЖ го купува Норди Мукиеле од Лајпциг

Францускиот гигант Пари Сен Жермен ја загуби трката за шампионската титула со Лил во домашното првенство и тоа е знак за реконструкција на составот. Маурисио Покетино сака неколку освежувања во составот, а раководството е подготвено да ги задоволи неговите желби.

ПСЖ е во завршни преговори со десниот бек на бундеслигашот Лајпциг, Норди Мукиеле. Тој имаше одлична сезона во дресот на Лајпциг и падна во очите на Покетино. Би можел да дојде во Париз за сума од 30 милиони евра.

Мукиеле има договор со Лајпциг до 2023 година и не би имал ништо против да се врати во Франција каде во минатото го носеше дресот на Монпелје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови