Едуардо Камавинга ќе стане нов играч на ПСЖ до крајот на летниот преоден рок, откриваат медиумите во Франција. Камавинга, 18-годишниот играч од средниот ред, побара трансфер од Рен и одби да го продолжи договорот. Свесни дека следното лето може да останат и без Камавинга и без пари, челниците на Рен одлучија да го продадат и започнаа преговори со ПСЖ.
Пред пандемијата на коронавирусот, Рен бараше 100 милиони евра за големиот талент, но сега е подготвен да го продаде за само 30 милиони евра. Француските медиуми пренесуваат дека Камавинга имал разговор со навивачите на Рен по последниот натпревар против Нант и им најавил дека ќе си замине.
Камавинга дебитираше за француската репрезентација минатата година. Досега, тој одигра три натпревари за светските шампиони и постигна еден гол. Заминува од Рен по 86 натпревари, два гола и пет асистенции.
Ова лето ПСЖ ги донесе Ашраф Хакими, Џанлуиџи Донарума, Серхио Рамос, Лионел Меси и Џорџинио Вајналдум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













