
Пари Сен Жермен официјално го објави ангажманот на еквадорскиот централен дефанзивец Вилијан Пачо од Ајнтрахт Франкфурт. Парижаните ќе платат 40 милиони евра фиксна сума, плус уште 5 милиони евра во форма на можни бонуси.
Пачо потпиша договор со ПСЖ до крајот на летото 2029 година. Со ова, ПСЖ повторно направи скап трансфер од германскиот клуб, откако минатото лето го донесе Рандал Коло Муани за речиси 95 милиони евра.
Еквадорецот Пачо ќе го носи бројот „51“ во новиот клуб.
Минатата сезона, Пачо беше важен дел од составот и одигра 44 натпревари за Ајнтрахт, при што забележа две асистенции. Тој има и 16 настапи и 2 голови за националниот тим на Еквадор, а беше стартер на сите натпревари на неговиот тим на последната Копа Америка.
„Многу сум среќен што се приклучувам на Пари Сен Жермен. Се надевам дека ќе ја внесам својата индивидуалност и ќе ја покажам својата решителност за да освоиме многу трофеи“, изјави Вилијан Пачо.
Освен него, ПСЖ ова лето ги привлече и португалскиот играч за врска Жоао Невеш и рускиот голман Матвеј Сафонов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
