Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала го напушта Јувентус на крајот на сезоната и се сели во Пари Сен Жермен, откриваат француските медиуми. Спортскиот директор Леонардо наводно ги договорил личните услови со Дибала за преселба на „Паркот на принцовите“, а во наредниот период ќе преговара за отштетата што треба да ја добие Јувентус.
Дибала е една од големите желби на новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино. Тој треба да ја засили офанзивната линија на „светците“ во обидот за конечно освојување на трофејот во Лигата на шампионите.
Јувентус и Дибала долго преговараа за продолжување на договорот кој има важност до јуни 2022 година, но клубот не може да ги задоволи финансиските барања на напаѓачот. Дибала побара годишна плата од 15 милиони евра, што во овие услови на глобална криза е премногу за „старата дама“. Претседателот Ањели му испрати одговор дека Дибала сепак не е меѓу врвните петмина фудбалери во светот за да бара толку голема плата.
ПСЖ очигледно дека добро ја користи ситуацијата и е блиску до ангажман на Пауло Дибала.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













