Connect with us

ПСЖ го договори Дембеле, но го сака и Коло Муани

Пари Сен Жермен реши да сврти нов лист и да тргне во офанзива по нови засилувања. Парижаните чекаа до 31 јули Килијан Мбапе да излезе и да преговара, но тоа не се случи, па ПСЖ сега почна да пазарува и да го планира проектот без него. Но, со двајца нови француски репрезентативци.


Набрзо Осман Дембеле треба да потпише договор, но тој е само почеток.

Француските медиуми откриваат дека Насер Ал-Келафи фантазира за спојување на Дембеле со Рандал Коло-Муни, кој исто така даде зелено светло за трансферот.

Коло Муани сака да дојде во Париз, па ПСЖ сега мора да преговара за цената со Ајнтрахт Франкфурт. Претходно се споменуваше цифра од 100 милиони евра, но тоа никој нема да го плати, па Ајнтрахт ќе мора да ги намали барањата.

Коло Муани веќе ги договори личните услови и наводно чека да се приклучи на тимот на Луис Енрике.

Лионел Меси си замина, а наскоро би можел да го следи и Килијан Мбапе, па се чини дека новото трио ќе биде Нејмар – Дембеле – Коло Муани, со помош на Марко Асенсио кој исто така пристигна летово.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови