Connect with us

ПСЖ е пресилен за Клермон и без Меси и Најмар (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен ја оствари и петтата победа во францускиот шампионат славејќи убедливо (4-0) против Клермон на „Паркот на принцовите“. Иако Меси и Нејмар воопшто не беа во составот, откако доцна се приклучија по настапите во квалификациите за СП 2022, тимот на Маурисио Покетино одговори на предизвикот и без нив.

Андер Херера беше стрелец на првите два гола за „светците“ во 20. и во 31.минута. Килијан Мбапе погоди на почетокот од вториот дел за да ги разреши дилемите, а Геје го постави конечниот епилог. На овој меч дебитираше италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума и успеа да ја сочува мирна својата мрежа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови