Connect with us

ПСЖ бара помош од Мурињо?

Францускиот првак Пари Сен Жермен го отпушти Маурисио Покетино и го назначи Кристоф Галтие за тренер на тимот, но оваа сезона покажува дека и тој не може да се справи со предизвиците што ги има овој состав во кој се вброени огромни фудбалски ѕвезди. Не е лесно да се контролира темпераментот на Меси, Нејмар, Мбапе и останатите ѕвезди и притоа да се создаде потребниот победнички тимски дух.

Раководството на ПСЖ веќе размислува за нова промена на клупата. Иако во преден план во медиумите е Зинедин Зидан, кој е без работа откако замина од Реал Мадрид, но португалските медиуми откриваат дека прва цел на „светците“ е Жозе Мурињо.

Асистентот на Мурињо, Нуњо Кампош, открил дек Мурињо во моментот има две понуди на маса, од Пари Сен Жермен и од Челси.

Португалецот има договор со Рома до јуни 2024 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови