
Фудбалскиот клуб Струга Трим Лум го загуби финалето на Купот на Македонија од Вардар (2-0), а шампионатот го заврши на четвртата позиција. Поради таквиот пласман стружани останаа без место во Европа.
По крајот на сезоната на јавноста реши да ѝ се обрати претседателот на Струга, Арбтрим Ќира. Тој преку клупскиот веб-сајт објави свое долго обраќање, признавајќи дека целите не беа исполнети. Исто така вели дека апсолутно не смее да има сомнеж во намерите и целите на Струга ТЛ како клуб. посветен на исходот на финалето во Купот.
Во соопштението се вели:
Драги навивачи, спортски љубители и следбеници на нашиот клуб, финалето на Купот против ФК Вардар, одиграно пред два дена, го означи крајот на сезона која беше далеку под нашите амбиции. По две последователни шампионски титули, завршувањето на првенството на четвртото место и поразот во финалето се разочарувачки за играчите, за раководството, а пред сè за нашите верни навивачи. Ја прифаќаме одговорноста и ја делиме вашата разочараност. Очекувавме повеќе од оваа сезона и од самите себе.
Сепак, чувствуваме должност да се обратиме во врска со бранoт на неодговорни коментари и цинични инсинуации што се појавија по финалето. Гласовите што сугерираат дека настапот на нашиот клуб бил диктиран од надворешни влијанија, скриени мотиви или различни заднини, не се само длабоко навредливи, туку претставуваат директен напад врз интегритетот на оваа институција. Кратко и јасно: ФК Струга не е политичка алатка. Не сме под влијание на кампањи, сојузи или задкулисни договори.
И за оние што забораваат да потсетиме дека само пред шест години, ФК Струга беше ново име во Првата лига, што само по себе беше невиден успех за градот Струга.
Оттогаш, испишавме поглавје за кое малку клубови можат само да сонуваат:
Двократен национален шампион
Двократен финалист на Купот
Историски натпревар во Европа
Од мал клуб создадовме респектирана сила во земјата и пошироко.
Овој успех не ни беше подaрен — сами го извојувавме. Со истрајност, со верба и со несопирлива волја за напредок. Да, оваа сезона беше болна и неуспех во однос на нашите амбиции. Но да се доведува во прашање нашиот карактер или да се заборави она што заедно го постигнавме, не е само неправедно туку и неблагодарно. Секој навивач треба да биде горд. Овој клуб испиша историја и ќе продолжи да пишува историја.
Станува јасно дека еден циклус можеби природно заврши циклус кој донесе историски достигнувања, но кој сега бара рефлексија. Во наредните недели, раководството на клубот детално ќе ја анализира оваа сезона. Ќе има промени со решителност и со долгорочна визија.
Зашто со крајот на секој циклус доаѓа нов почеток. А нашето следно поглавје ќе биде испишано со обновен глад, нова енергија и истата непоколеблива амбиција која нè донесе до тука.
На нашите навивачи: Ви благодариме. Вие сте срцето на овој клуб. Повторно ќе се издигнеме. Посилни. Со повеќе искуство и со уште поголема решеност да го водиме клубот напред.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул

Интернационалци
Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и ќе игра во Словенија?
