Connect with us

Просинечки ја напушта Олимпија Љубљана

Роберт Просинечки по само три месеци заминува од Олимпија Љубљана, тврдат словенечките медиуми. Тој имал жестока караница и заедно со спортскиот директор Младен Рудоња решиле да го напуштат клубот, револтирани што изборот на фудбалери го прави директорот на клубот Игор Баришиќ.


Сепак, главната причина за заминувањето се финансиските проблеми на најпознатиот словенечки клуб. Во Олимпија Љубљана доцнат платите, а клубот во моментот нема финансии и за засилувања.

Просинечки во минатото беше тренер и на Црвена Звезда, Кајсериспор и на Денизлиспор во Турција, како и селектор на репрезентациите на Босна и Херцеговина и на Азербејџан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови