Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, нема да прејде во Ал-Наср, откако клубот на Кристијано Роналдо договори друг голман – Бенто од Атлетико Параненсе. Тимот од Саудиска Арабија понудил 30 милиони евра за Едерсон, но шампионот на Англија ја одбил понудата, барајќи двојно повеќе.
Во таа ситуација, Ал-Наср се насочиле кон Бенто и успеале да го договорат за 18 милиони евра. Бразилскиот голман, кој има и два натпревари за сениорската репрезентација на „селесао“, ќе потпише договор до 2028 година.
Интересно е што пред една година Бенто беше блиску до Интер. Тогаш самиот тој потврди дека примил понуда од „нероаѕурите“, но не дојде до реализација на трансферот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













