Connect with us

Промени во Брегалница: Илчо Ѓорѓиоски заминува, кој ќе го наследи?

Проектот на Брегалница со ангажманот на Илчо Ѓорѓиоски за нов шеф на стручниот штаб се чини дека ќе заврши многу брзо. По само шест месеци соработка, а непосредно пред стартот на летните подготовки, кој всушност беше закажан за вчера, доаѓа до разделба. Причината е некомпатибилноста меѓу амбициозноста на тренерот и тоа што може да го исполни и го планира штипскиот прволигаш од друга страна.

Досега Брегалница не успеа да доведе некои позначајни имиња ова лето, а Мартин Стојанов се пресели во Бугарија, заминаа уште неколку фудбалери, па тимот ќе претрпи големи промени. Единствено ново име е Ѓорѓи Ѓорѓиев од Борец.

Останува да се види кој ќе дојде на местото на Илчо Ѓорѓиоски на тренерската позиција. Во игра се Александар Васоски, Жикица Тасевски, Јане Николоски и уште неколку тренерски имиња од Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови