Македонските репрезентативци Љупчо Дориев и Марјан Радески со промена на дресовите.
По долготрајни преговори меѓу двата клуба, најдобриот фудбалер на Академија Пандев, Љупчо Дориев и дефинитивно својата кариера ја продолжува во редовите на Шкендија. 24-годишниот фудбалер од средниот ред треба да биде големо засилување во новата сезона за тетовци кои ќе атакуваат на шампионската круна.
Во спротивна насок оди Марјан Радески. Крилниот офанзивец беше на чекор од трансфер во чешкиот прволигаш Словачко, но се одлучи како слободен фудбалер, откако претходно доби слободни документи од Шкендија, да ја прифати понудата на Академија Пандев.
Радески, откако денеска ги заврши сите детали околу договорот, утре и официјално треба да биде промовиран како нов фудбалер на Академија Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













