Connect with us

„Професорска“ игра на Модриќ: Хрватот немаше ниедно погрешно додавање на дербито со Атлетико

Реал Мадрид во финишот од натпреварот испушти победа (1-1) на „Метрополитано“, откако Атлетико успеа да постигне гол и некако да се спаси од пораз. Малиот пад во играта на „кралевите“ дојде по излегувањето на Лука Модриќ, кој повторно ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот.

Пред една година, многумина го отпишаа Модриќ токму на „Метрополитано“. Реал Мадрид тогаш загуби од Атлетико, а хрватскиот играч за врска, по едно навистина слабо одиграно полувреме, беше прогласен за „поранешен“ играч на „кралевите“.

Сепак, ако постои фудбалер кој не го познава зборот „предавање“, тоа е Модриќ. По тој натпревар, Модриќ напорно работеше и максимално ја искористи секоја укажана шанса, со што се избори за продолжување на договорот со Реал.

Овојпат, Модриќ се врати на „Метрополитано“ една година поискусен и со капитенската лента на раката, играјќи фантастичен натпревар во ремито 1-1. Сите кои го следеа натпреварот беа импресионирани од настапот на Хрватот.

Иако има 39 години, Модриќ успеа да го издржи дури 85 минути во високо темпо, оставајќи го не само Анчелоти, туку и целиот фудбалски свет во чудо.

Особено впечатлива беше неговата статистика. Модриќ имаше 100% успешни додавања, реализирајќи 58 од 58 обиди. Дополнително, тој создаде три шанси за погодок, упати пет прецизни долги топки и успеа да освои четири топки во дефанзива.

Со оваа изведба, Модриќ уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови