Connect with us

Продолжен притворот на Мејсон Гринвуд, додадено обвинение и за смртни закани

На фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, денеска му беше продолжен притворот, поради обвинувања за силување, објави „Би-Би-Си“.


Полицијата од Манчестер соопшти дека притворот на Гринвуд е продолжен, како и дека кон обвинението за силување е придодадено и обвинението за смртни закани.

Младиот фудбалер на Јунајтед беше обвинет од неговата девојка Хариет Робсон за силување и насилничко однесување, а тој беше уапсен во неделата.

Манчестер Јунајтед реагираше со соопштение во кое се вели дека „клубот нема толеранција за насилство и дека Мејсон нема да тренира до дополнително известување“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови