Продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Велс и Македонија, што ќе се одигра на 18. ноември во Кардиф, ќе биде отворена до понеделник (10. ноември) на полноќ.
Навивачите и поддржувачите на македонската репрезентација кои планираат да му дадат поддршка на националниот тим во Кардиф можат да ги обезбедат своите влезници преку официјалниот систем за продажба на билети на Фудбалската федерација на Македонија, FFM Tickets – Football Federation of Macedonia
Целата постапка за купување и преземање на билетите за натпреварот Велс – Македонија е детално објаснета на следниот линк: FAW-Tickets-Portal-Guide.pdf, истите информации се достапни и на платформата на ФФМ за продажба на билети.
За македонските навивачи според правилата на УЕФА се издвоени близу 1500 билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи. Цената на влезница, утврдена од Фудбалската асоцијација на Велс, изнесува 2800,00 денари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













