
Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Англија – Македонија кој ќе се одигра на 19. јуни, 2023 г. на стадионот Олд Трафорд во Манчестер ќе бидат пуштени во продажба во 10.00 часот наутро на 10. мај, 2023 година.
Билетите, кои ќе бидат со цена од 30 и 40 британски фунти, ќе можат да се купат директно од Англиската Федерација на следниот линк.
Билети за лица со попреченост ќе може да се нарачаат на следниот телефонски број: 0800 093 0824
На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.
Важни напомени за посетителите на натпреварот:
Стадионот Олд Трафорд има рестриктивна политика за носење на лични торби. Деталите можете да ги погледнете тука
Стадионот Олд Трафорд работи без размена на готовина. Ниту еден од киосците нема да прима готовина за плаќање, ќе мора да имате платежна картичка.
Деца на возраст до 14 години мора да бидат во придружба на возрасно лице.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години подобри од Албанија

Евро-фудбал
Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед
