Најтрофејниот македонски клуб Вардар вечерва ќе игра хуманитарен меч против српскиот шампион Црвена Звезда за помош на семејствата на настраданите во Кочани, а стадионот е речиси распродаден. Последната информација е дека се продадени 23.000 билети.
Билетите се продаваат онлајн, а оние кои немаат можност да го направат тоа, добиваат опција пред мечот.
Од Вардар информираат дека сите заинтересирани граѓани кои немаат можност да купат онлајн билети за вечерашниот хуманитарен натпревар, можат да купат билети и на билетарницата пред Арената.
Билетарите ќе бидат отворени од 16 до 18 часот. Натпреварот Вардар – Црвена Звезда се игра од 20 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













