Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Милан, се соочува со големи проблеми откако двајца клучни фудбалери на тимот се позитивни на коронавирус. Левиот бек Тео Хернандез и играчот за врска Хакан Чалханоглу покажале позитивни тестови пред утрешниот меч со Калјари.
„Чалханоглу и Хернандез се позитивни на Ковид-19 и веднаш заминаа во самоизолација. Двајцата фудбалери се асимптоматични, но веднаш се одвоени од останатиот дел од тимот. Сите други имаат негативни тестови на коронавирус“, објави Милан.
Чалханоглу и Хернандез нема да бидат во тимот на дуелот со Калјари, но и на следниот меч против Аталанта. Од претходно, тренерот Пиоли не може да смета ниту на Ребиќ и Круниќ кои исто така се позитивни на Ковид-19, а повреден е Бенасер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













