Фудбалската федерација на Италија соопшти дека учеството на повредениот играч Федерико Димарко на натпреварот Италија – Хрватска, клучен за пласманот во осминафиналето на Европското првенство во Германија, сè уште е неизвесно.
„Димарко имаше прилагоден тренинг по повредата на десната нога за време на натпреварот против Шпанија,“ се наведува во соопштението на Фудбалската федерација на Италија, додавајќи дека неговата здравствена состојба се проверува секој ден.
Весникот „Газета дело Спорт“ пренесе дека Димарко, инаку дефанзивец на Интер, ја повредил листот на десната нога и дека не бил на тренинг во петокот, поради што не се знае дали ќе може да игра против Хрватска во понеделник.
Со три освоени бодови, благодарение на почетната победа против Албанија (2-1), Италија, актуелниот европски шампион, ќе се пласира во осминафиналето ако барем ремизира против Хрватска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













