Европскиот првак Челси има проблеми со коронавирусот. На последното тестирање позитивен на Ковид-19 бил Кристијан Пулишиќ кој веднаш е изолиран и нема да биде достапен најмалку десетина дена. Тој нема да може да им помогне на соиграчите на лондонското дерби против Арсенал в недела.
„Топчиите“ исто така имаат проблеми со коронавирусот. Надвор од тимот поради тоа се Александре Лаказет, Вилијан и голманот Рунарсон. Капитенот Пјер Емерик Обамејанг успеа да го надмине коронавирусот, доби два негативни теста и се очекува да биде во тимот за неделниот дуел со Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal