
Италијанскиот првак Милан се соочува со нови тројца повредени фудбалери по дуелот со Емполи. Капитенот Давиде Калабрија мина најлошо и ќе мора да паузира до крајот на годината. Тој има делумна руптура на тетивата на левата нога.
Белгискиот интернационалец Алексис Салемакерс исто така ќе отсуствува долго, од шест до осум седмици. Тој има проблеми со левото колено.
Дефанзивецот Симон Кјаер мина најдобро, се очекува да се врато во ритам по 15 дена.
Милан го очекува напорен период, згуснат календар на натпревари, а во наредните седум дена двапати ќе игра против Челси во ЛШ, а во меѓувреме следи и дербито со Јувентус во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal