Connect with us

Проблем за Гвардиола: Феран Торес со скршеница на стапалото

Фудбалерот на Манчестер Сити, Феран Торес, заработи сериозна повреда на стапалото додека играше за шпанската репрезентација, а според првите прогнози, тој ќе отсуствува од терените околу шест недели. Торес заработил повреда на стапалото на натпреварот против Италија во полуфиналето на Лигата на нации, но сепак играше во финалето против Франција.


Меѓутоа, по неговото враќање во Англија, снимката покажала дека повредата не е толку наивна како што се мислеше на почетокот и дека ќе следи подолга пауза. Тој има фрактура на стапалото.

Тоа е сериозен удар за Пеп Гвардиола, без оглед на големиот избор на квалитетни играчи. Феран Торес беше еден од најзабележителните играчи на „граѓаните“ досега оваа сезона. Иако пристигна како крилен напаѓач, тој се истакна и во улогата на класичен напаѓач.

Торес сигурно ќе ги пропушти и важните натпревари за Шпанија следниот месец во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови