Фудбалерот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, ќе ги пропушти наредните неколку натпревари на својот клуб поради повреда на бутниот мускул.
„Ова е интензивен период и повредите се случуваат. Виктор има мала повреда на мускулот. Според тоа, тој ќе пропушти неколку натпревари, што е штета. Ќе видиме колку долго ќе трае опоравувањето“, изјави тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.
Бонифејс се повреди додека играше за репрезентацијата на Нигерија во квалификациите за Африканскиот куп на нации.
Оваа сезона тој постигна седум голови на 14 натпревари за Баер Леверкузен, кој е четврти на табелата во Бундес-лигата со 17 поени, 12 помалку од првопласираниот Баерн Минхен, но со еден натпревар помалку.
Соиграчот на Бонифејс, Амин Адли, кој игра на иста позиција како нигерискиот напаѓач, исто така е повреден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













