Connect with us

Примитивизмот што ја шокираше Србија: Се соблече и тргна да го „силува“ ривалот (ВИДЕО)

Хаотичниот крај на финалето на Купот на Србија меѓу Црвена Звезда и Партизан заврши со примитивен излив на емоции на фудбалерот на Црвена Звезда, Марко Гобељиќ.


Во текот на 120 минути од мечот на најголемите ривали немаше голови, но немаше ниту инциденти. Сепак, за време на пенал-рулетот се случи инцидент меѓу најголемите ривали.

Прво, младиот напаѓач на Звезда, Никола Крстовиќ го испровоцира голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ. Искусниот голман му возврати удирајќи го со топка во главата. Ова предизвика хаос кој едвај се смири, по што судијата му даде жолт картон на Стојковиќ.

Новиот инцидент се случи по завршувањето на пенал-серијата, кој заврши со триумф на Црвена Звезда, откако голманот Милан Борјан го одбрани решавачкиот пенал на Никола Штулиќ. По ова, фудбалерите на победничкиот тим се стрчаа кон својот голман за да ги прослават победата и трофејот, а Стојковиќ тргна во спротивна насока, кон клупата на Партизан.

Во тој момент фудбалерот Марко Гобељиќ, кој трчаше да слави со соиграчите, застана и дојде кај голманот на ривалот, се соблече и навиваше пред него без гаќи. Тоа беше одговор на најавата на Владимир Стојковиќ пред финалето, кога истакна дека слободно може да го силуваат ако Партизан го загуби финалето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови