
Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе сака да го напушти Пари Сен Жермен и се надева на трансфер во Реал Мадрид, но, сепак, одлучи да ја спушти топката пред почетокот на новата сезона. Неговиот актуелен договор со „светците“ истекува следното лето, тој го извести клубот дека нема намера да потпише нов, но претседателот Насер Ал – Келаифи се уште се надева дека Мбапе уште долго ќе игра во францускиот гигант.
Напаѓачот одлучи да склучи примирје и да не создава тензии. И понатаму останува на ставот дека планира трансфер во Реал Мадрид, но ќе ја очекува разврската меѓу клубовите. Се претпоставува дека „кралевите“ кон крајот на август ќе испратат официјална понуда за Килијан Мбапе и тогаш ќе биде позната неговата следна дестинација. Доколку ПСЖ одлучи да не го продава ова лето, тогаш тој ќе може да си замине како слободен агент во наредниот летен преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
