Ренова и Пелистер ремизираа без голови на пријателскиот натпревар во Охрид.
На дуелот кој се играше на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, двете екипи имаа свои шанси за победа, но на крајот мируваа мрежите на двете страни.
Силекс, пак, триумфираше со 2-0 против велешки Борец. Нешовски ги донесе кратовци до водство од 1-0 уште во 7. минута, а конечните 2-0 ги постави Мустафов во 85. минута.
Фудбалерите на Академија Пандев ремизираа без голови на пријателскиот натпревар со второлигашот Кожуф.
Во главно израмнет натпревар „пандевци“ имале неколку можности за погодок, но без реализација. Следниот пријателски натпревар на Академија Пандев е против Кит Го на 28. јули.
Кит Го, пак, на неофицијалниот тест дуел во Пехчево загуби од Плачковица од Радовиш со 0-2.
На пријателскиот натпревар во Дојран, Беласица убедливо со 3-0 славеше против Осогово. Триумфот на струмичани дојде во последните 15 минути од натпреварот со хет-трикот на Радојчиќ.
Македонија ЃП славеше со 1-0 на третиот пријателски натпревар за време на подготовките во Маврово. „Лавовите“ триумфираа против второлигашот Вардар Форино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













