Собранието на каталонскиот гигант Барселона објави дека претседателските избори во клубот ќе бидат одржани на 24 јануари во согласност со сите тековни процедури и барања за заштита од Ковид-19 со министерствата за здравство, внатрешни работи и спорт.
Согласно членот 44 од статутот на клубот, Извршниот одбор го сочинуваат пет членови избрани по пат на ждреб, и тоа Ксавиер Гуикерас како претседател, и Жорди Аранда, Антонио Г. Бермудез, Хозе Баларда и Хесус Валдес.
Од денеска, па до 11 јануари, предизборните кандидати за нов претседател можат да ги собираат потписите за да влезат официјално во трката за нов претседател на еден од најголемите фудбалски клубови во светот. Еден од фаворитите за враќање на оваа функција е Хоан Лапорта, кој во минатото успешно го предводеше клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













