Манчестер Сити го елиминира Атлетико Мадрид во четврт-финалето на Лигата на шампионите, а во завршницата од мечот тимот на Пеп Гвардиола користеше крајно одбранбена стратегија за да ја одбрани минималната предност од првиот меч. Ова воопшто не им се допадна на домашните фудбалери, па имаше немили сцени на крајот од мечот, во тунелот кон соблекувалните.
Се огласи и претседателот на шпанскиот клуб, Енрике Серезо, кој остро му одговори на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, за неговата изјава дека „во праисторијата, денес и по сто илјади години ќе биде тешко да се пробие тим што се брани во две линии со пет играчи“.
„Ние сме тим со сериозно реноме за да може некој да не навреди. На крајот се покажа дека секој има своја праисторија. Одигравме добар натпревар, напаѓавме, а Манчестер Сити на реваншот одигра праисториски, се бранеше и постави ѕид пред нивниот гол. Сите го видоа тоа. Сити беше комплетно одбранбен тим. Во второто полувреме еднаш шутнаа на гол. Се покажа дека секој има своја праисторија“, иронично одговори претседателот на Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal