Connect with us

Претепаниот турски судија излезе од болница

Халил Умут Мелер, 37-годишниот нападнат турски фудбалски судија, ја напушти болницата во која беше примен откако беше жртва на физички напад веднаш по првенствениот натпревар меѓу Анкарагучу и Ризеспор.


Во понеделникот вечерта Мелер беше примен во болница откако претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча, силно го удри по главата, а додека лежеше на тревникот доби уште неколку удари по телото, најверојатно од навивачи кои исто така истрчаа на тревникот.

Во меѓувреме, приведен е и претседателот на фудбалскиот клуб Анкарагучу под обвинение за нанесување телесна повреда на службено лице. Претседателот на турскиот прволигаш потоа му се извини на судијата и спортската јавност за неговото однесување, но изјави и дека „само“ му удрил шлаканица на судијата.

Судијата Халил Умут Мелер им кажа на обвинителите дека Фарук Коча го удрил со тупаница во главата и му се заканувал дека ќе го убие него, како и другите службени лица.

Челниците на турската фудбалска федерација допрва треба да решаваат што ќе се случи со продолжението на првенството, кое во среда го прекинаа на неодредено време.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови