Ситуацијата околу Серхио Рамос е пред драматичен пресврт во последните часови. Во последните денови, 37-годишниот ветеран, кој го напушти Пари Сен Жермен, се сметаше дека е пред трансфер во Саудиска Арабија и дека ќе потпише за Ал-Итихад. Сепак, според водечките шпански спортски медиуми, сега изгледа сè поверојатно дека дефанзивецот ќе се врати во неговиот роден клуб Севилја, каде што се наметна во сезоната 2004/05 пред да биде купен од Реал Мадрид.
Шпекулациите дека Рамос би можел да се врати на „Рамон Санчез Пижуан“ не се нови, но минатиот месец беа категорично демантирани од претседателот на Севилја, Хозе Кастро.
Фудбалерот навистина има понуда од Саудиска Арабија, но повикот од неговиот матичен клуб од Андалузија ги закочи преговорите и барем во оваа фаза изгледа сè поверојатно дека играчот ќе се врати во Севилја – 18 години подоцна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













