Сагата околу иднината на Килијан Мбапе може да добие изненадувачки пресврт. Досега играчот одбиваше да го продолжи договорот, а во исто време одбиваше да биде продаден. Поради оваа причина, тој беше отстранет од составот, ги пропушти претсезонските тренинзи и не настапи на првиот натпревар од сезоната против Лориен (0-0).
Сепак, напаѓачот беше забележан на трибините на „Паркот на принцовите“, заедно со новото засилување на парижаните, Осман Дембеле. Во меѓувреме, „Канал+“ ја објави веста дека Мбапе ја преиспитал својата позиција и е подготвен повторно да потпише со францускиот шампион.
Според информациите, 24-годишниот фудбалер е подготвен да седне на преговарачка маса со претседателот Насер Ал-Келаифи. Тој изјави дека негова желба е да игра за ПСЖ и оваа сезона.
Се очекува двете страни да се договорат за активирање на клаузулата за продолжување на договорот на играчот на уште една година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













