Работнички одигра реми без голови против лидерот Шкендија, а веднаш следи и дуел со второпласираниот тим на табелата, Шкупи. Напаѓачот Никола Прелчец кој во зимскиот преоден рок дојде од редовите на Борец, смета дека Шкупи во моментот не е поквалитетен од сегашниот тим на Работнички. Очекува „романтичарите“ да освојат бодови на утрешното гостување.
„Секоја чест за Шкупи, тоа е тим кој се бори за самиот врв на табелата, но исто така и имаше многу промени во кадарот во текот на зимската пауза. Мислам дека во моментот Работнички е најмалку на исто рамниште по квалитет и доколку одиграме тактички мудро и ги исполниме задачите на тренерот Александар Влахо можеме да оствариме позитивен резултат“, изјави Никола Прелчец за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот од 22.коло во Првата фудбалска лига меѓу Шкупи и Работнички е закажан за утре, со почеток во 14 часот, на комплексот на ФФМ, а ќе го суди Александар Ставрев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













