Шкендија ја загуби предноста од 2-1 од Скопје и сега веќе е во негатива во двомечот, со оглед дека Лудогорец води со 2-0 по првото полувреме во Разград, или вкупно 3-2.
Лудогорец уште од самиот почеток ја наметна иницијативата и во раната фаза успеа да ја отвори мрежата на Шкендија. Во 9. минута, по индивидуален продор на Видал по левата страна, македонскиот тим беше сериозно загрозен. Иако голманот Гаје успешно го одбрани првиот удар, на одбиената топка најбрзо реагираше стоперот Едвин Куртулус кој со силен пут ја затресе мрежата и донесе водство од 1-0.
По неколку нереализирани шанси, Лудогорец дојде и до 2-0. По одлична акција на левата страна, Видал и Чавез со брза размена на додавања ја изиграа одбраната на Шкендија, а центаршутот во казнениот простор не беше навреме расчистен. Топката заврши кај Ивајло Чочев, кој непречен рутински погоди за 2-0 во 24.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













