Аргентинскиот ас Лионел Меси треба да биде добитник на наградата „The Best“ за најдобар светски фудбалер што ја доделува ФИФА. Една седмица пред официјалното доделување протече информација дека Меси ќе ја победи конкуренцијата, соиграчот Килијан Мбапе од ПСЖ, како и Карим Бензема од Реал Мадрид.
ФИФА на 27 февруари и официјално ќе го објави името на најдобриот фудбалер за 2022 година. Наградата „The Best“ почна да се доделува од 2016 година кога ФИФА реши да се оддели од „Франс фудбал“ кој ја доделува „Златната топка“.
Лионел Меси со репрезентацијата на Аргентина го освои Светското првенство во Катар.
На 10 февруари ФИФА ја скрати листата на тројца фудбалери и тоа се Меси, Карим Бензема и Килијан Мбапе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













