Македонскиот второлигаш Слога Виница се бори за влез во елитата, но се соочува и со финансиски проблеми. Клубот информираше дека фудбалерите почнале со предупредувачки штрајк.
„Почитувана јавност, сакаме да Ве информираме дека денес се случи најнепосакуваното нешто за еден фудбалски клуб. Играчите на ФК Слога 1934 Виница денес почнаа со предупредувачки штрајк, поради доцнењето на платата за месец февруари. Управата имаше состанок со играчите и стручниот штаб и дојде до договор да се продолжи со тренинзи, а сабота да се одигра првенствениот натпревар. Се надеваме на брзо решение на настанатиот проблем и враќање на победничките патеки“, велат од Слога Виница.
Слога Виница утре го пречекува Детонит Јуниор на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













