
Поминаа седум сезони откако Ливорно испадна од Серија А. Потоа, поради големи финансиски проблеми, тие го напуштија највисокиот ранг на италијанскиот фудбал. Но, проблемите за клубот не престанаа и многу брзо Ливорно заврши во Серија Ц, третиот ранг на италијанскиот клупски фудбал.
Приказната на Ливорно сега завршува тажно. Раководството на клубот прогласи банкрот и започна процес на ликвидација на поранешниот прволигаш.
Рокот за порамнување на долговите беше вчера, и бидејќи ниту еден нов инвеститор не беше подготвен да го преземе клубот, банкротот беше единствената опција. Сега започна нов рок.
Управата на клубот има десет дена да најде нов сопственик. Доколку не успее, Ливорно ќе биде исфрлен од натпреварувањето, за првпат во својата историја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski