
Борбата меѓу Охрид и Велешта за баражот за Прва лига ќе трае до последна минута. Во сабота се играат последните 90 минути фудбал, по што сезоната и официјално ќе биде завршена.
Неизвесноста за второто место, баражот и можноста за промоција во Прва лига ќе трае можеби и до последниот судиски свиреж. Во моментот на табелата Охрид е втор со 46 бодови, колку што има и Велешта која поради полошата гол разлика е на третата позиција. Охриѓани во сабота ќе патуваат во Тетово каде силите ќе ги одмерат со Тетекс, додека пак фудбалерите на Велешта ги очекува многу потежок натпревар на „Железарница“ со веќе новиот прволигаш Скопје.
Во оваа последна битка можеби Охрид има поповолна ситуација доколку гледаме според формата на противникот, па шансите да се врати дома со три бодови се многу поголеми во однос на Велешта која ќе има тешка мака во Автокоманда.
За Велешта да го обезбеди баражот најпрво ќе мора да ги обезбеди трите бодови против Скопје, дома да се врати како победник, но и да чека на „кикс“ на Охрид. Во случај на пораз или реми и на двете екипи тогаш Охрид ќе го задржи второто место и така ќе игра бараж за Прва лига.
Бараж натпреварот се игра на неутрален терен и во принцип Исток со Исток, Запад со Запад. Доколку двете екипи кои играат бараж од ПМФЛ територијално припаѓаат на ВМФЛ – Исток или ВМФЛ – Запад тогаш бараж натпреварите се утврдуваат со жреб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
