Макфудбал во Разград,
Филип Крастев ќе го замени Кристијан Малинов во стартниот состав на Бугарија на денешниот прв натпревар од новото издание на Лигата на нации на УЕФА против Македонија во Разград. Бугарските медиуми го открија составот на селекторот Јасен Петров.
Дефанзивниот играч за врска Малинов, кој настапува во белгиски Леувен, има болки и селекторот Јасен Петров одлучил да му даде шанса на Крастев од Левски.
Малинов ќе остане резерва, а поради здравствени проблеми мечот ќе го пропуштат Едисон Јорданов, Радослав Кирилов и Георги Јомов.
На голот на Бугарија ќе биде Николај Михаилов, а во одбраната ќе бидат распоредени Антон Недјалков, Иван Турицов и браќата Андреа и Петко Христови како централни стопери.
Во средниот ред ќе делуваат Филип Крастев, Ивајло Чочев и Тодор Неделев. На крилните позиции се Георги Миланов и Кирил Десподов, а најистурен кон голот на Македонија треба да биде Атанас Илиев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













