Рускиот претседател Владимир Путин пред нешто повеќе од една недела најави делумна воена мобилизација, а првиот спортист кој доби покана за војна е фудбалерот Динар Билјалетдинов. Поранешниот фудбалер на Евертон и руски репрезентативец во кариерата настапуваше 46 пати за националниот тим, а беше дел од репрезентацијата која освои европска бронза во 2008 година.
Неговиот татко Ринат ја објасни ситуацијата за БИА Новости.
„Динар ја доби поканата. Тешко е да се зборува за она што го чувствуваме. Точно е дека не служел војска, но својата воена обврска ја исполнил на поинаков начин, служел војска на спортски терен. Единствено не ми е јасно како тој како 37-годишен е повикан во војска ако законот вели дека се повикуваат во мобилизација луѓе до 35 години“, праша Ринат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













