
Реал Мадрид, Јувентус и Барселона се последните три клуба кои останаа да ги бранат јавно интересите за формирање на Суперлига. Интересен е сега ставот на новиот претседател на Барселона, Хоан Лапорта, кој вели дека вакво натпреварување е неопходно за европскиот фудбал, а додека беше во опозиција, го критикуваше можното создавање.
„Европската Суперлига ќе ја убие фудбалската индустрија, се работи само за пари, а јас велам дека парите не се единственото нешто во светот“, тврдеше Лапорта како опизиционер.
Но, сега откако е избран за претседател на Барселона, Хоан Лапорта тврди дека Суперлигата е неопходна.
„Суперлигата е апсолутно неопходна, ние сме поддржувачи и на националните лиги и ќе разговараме со УЕФА. Едноставно мора да се пронајде заеднички јазик затоа што големите клубови мораат подобро да заработуваат“, вели Лапорта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal